Џафери на одбележувањето на 115-годишнината од Битолскиот Конгрес

Сподели

 

Денес, претседателот на Собранието Талат Џафери, беше присутен во Битола, на активностите по повод одбележувањето на 115-годишнината од Битолскиот конгрес, a организирани од Амбасадата на Република Албанија во РС Македонија.

 

 

Програмата беше конципирана на тој начин што се посети Музејот на албанскиот јазик  во Битола, каде гостите имаа можност да се потсетат и да оддадат почит на истакнатите личности на нацијата, како и на историските датуми кои придонесоа во развојот и интелектуалното издигнување на албанскиот народ.

 

 

На настанот за одбележување на унификацијата на албанскиот јазик, беше присутен и Претседателот на Република Албанија, почитуваниот Бајрам Бегај, претставници на извршната власт, на локалната власт како и на политичките сили во Република Северна Македонија.

Институционалните претставници, како и одговорните политичари, имаат обврска да го негуваат културното, интелектуалното и душевното наследство на народот. Тоа треба да го прават на секој чекор, со секое дело и со секоја иницијатива што ја преземаат. Идните генерации треба да ја знаат вредноста и жртвата што е направена за да се постигне да се биде на рамништето на етаблираните светски нации.