БЕСТ Скопје организира хакатон – прослава на креативноста, тимската работа и иновативноста

Сподели

 

Дали сте подготвени да ја ослободите вашата креативност, да ја зајакнете иновативноста, да ја подигнете имагинацијата и да тргнете на едно технолошко патување? Добредојдовте на Хакатонот на студентската организација БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти на технологија). Ве покануваме да ни се придружите на хакатонот, каде што вашите идеи можат да бидат следниот Twitter (или по ново X).

Хакатон е возбудлив настан кој за прв пат се организира од страна на БЕСТ Скопје. Тоа е прослава на креативноста, тимската работа и иновативноста. За време на овој настан, студенти од различни области се здружуваат за да соработуваат, учат и создаваат влијателни решенија за проблемите од реалниот свет. На Хакатонот ја нагласуваме моќта на учењето. Со фокус на технологијата и личниот развој, имаме за цел да ги поврземе студентите, инспирирајќи ги да го достигнат својот целосен потенцијал.

БЕСТ Скопје го организира хакатонот со помош на партнер компанијата IT Labs, која ќе ги дава задачите. Ова е можност на студентите да се поврзат со партнер компанијата и да си обезбедат знаења за  идни пракси или пат на кариера.

Кога и каде ќе биде Хакатонот?

Хакатонот ќе се одржи на 24-ти декември во Скопје. Натпреварувањето ќе биде во тимови од 3 до 5 студенти. Можете да се пријавите во тим или пак самостојно, а подоцна ние да ви доделиме тим.

Подгответе се да ја поттикнете вашата креативност, да ги поместите вашите граници и да оставите трајно влијание. Хакатонот не е само настан; тоа е место за претворање на вашите идеи во реалност.

Како може да се пријавите на Хакатон? Преку оваа форма: Форма

Останете поврзани со нас и дознајте повеќе за нас преку нашите социјални мрежи и официјалната страна на Хакатон.