Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Џафери: На седница потпишани 85, а во салата присутни 58 пратеници

Сподели:

 

На денешната седница на Собранието, бр.79 свикана за во 11.00 часот, на списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници.

Претседателот Џафери од пленарната сала ги повика пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, при што, поради немање кворум, мораше да ја прекине седницата и ги повика сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет.

На средбата, претседателот потсети дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат. Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот кој што им е доверен од граѓаните. Претседателот посети дека тој е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Тој исто така нагласи дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.

Дополнително, претседателот нагласи и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието.

Сподели: