Вести Македонија Ударни вести

Џафери: Несериозно е да се помисли на нови избори во 2018 година

Сподели:

“-Несериозно е да се помисли да има нови избори во 2018 година, затоа што Македонија ја чекаат процеси за евроатлантската интеграција и реформи кои треба да се спроведат”, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој изрази надеж дека на седницата на 9. јануари, која ќе биде прва во следната година, ќе присуствуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше дека политичката криза завршила пред шест месеци.

Според Џафери излегувањето на Алијансата за Албанците од Владата не го разнишува парламентарното мнозинство и од тоа не зависи кворумот во Собранието.

“-Убеден сум дека ќе има мнозинство и во 2018 година, дека во Собранието ќе учествуваат сите политички партии, што ќе води кон позитивен извештај од Европската комисија во април и датум за почнување на претпристапните преговори” – рече Џафери.

Џафери информираше дека ратификацијата на Договорот со Бугарија во Собранието не треба да се очекува пред 15 јануари следната година, а предлог-законот за употребата на јазиците ќе се најде на собраниска седница на 9 јануари.

Доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише законот за јазиците, Џафери рече дека тогаш предлог-законот повторно ќе се врати на пленарна седница во Собранието според законите и Уставот, а потоа законот може да се донесе и без да го потпис од претседателот Иванов.

На истата седница со законот за јазиците ќе се најде и точката за избор на двајцата уставни судии, кои се на предлог на претседателот Иванов, по што ќе почне постапката за предложување и именување.

Џафери информираше дека процесот „Жан Моне“ ќе започне на 25 и 26 јануари, следната година, а во однос на спорот за името повтори дека тој формално-правно може да се реши и без референдум.

– Спорот за името може да се реши во Собранието, затоа што таму има претставници на сите политички партии за кои гласале граѓаните. Сепак, тоа е политичка одлука за која е потребен политички консензус – додаде Џафери.

meta.mk

Сподели: