Изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола, СДСМ во Штип, ДПА во Матејче

Сподели

partii

Политичките партии се во втората недела од изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе имаат митинзи во Демир Хисар во 17.30 часот, а централниот митинг ќе биде во Битола во 20 часот.

Карванот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе биде во Пробиштип во 17.30 часот и во Штип во 19 часот.

Митинг на Демократската партија на Албанците е закажан во Матејче во 18.30 часот.

Алијансата за Албанците денеска ќе биде во Брвеница во 18 часот и во Желино во 19 часот.

Коалицијата за промени и правда денеска ќе биде во Кочани во 18 часот, а Јове Кекеновски, носителот на кандидатската листа во изборната единица 2, ќе има прес-конференција во скопски Бутел во 12 часот.

Прес-конференција на коалицијата ВМРО за Македонија е закажана во Охрид во 11.30 часот.

Движењето Беса ќе ја посети Стопанската комора на Северозападна Македонија, која ќе им ја презентира својата економска платформа.