Џафери: Ви го честитам празникот Велигден и Ви посакувам убави празнични денови

Сподели

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитка до сите православни христијани по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден

“Почитувани граѓани, православни христијани,

Ми претставува чест, како од свое име така и од име на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Дозволете да Ви упатам искрени честитки за добро здравје, душевен мир и среќа. Ви посакувам празниците да ги поминете во убава празнична и домашна атмосфера, опкружени со своите блиски и сакани исполнети со разбирање и убави мисли. На нашите здравствени работници кои се на првата линија на заштита на нашето здравје, им изразувам благодарност и им честитам на храброста и посветеноста. Почитувани, целиот свет е исправен пред сериозен предизвик кој не потсети сите нас на тоа колку е кревок животот, но и колку е силна желбата за живот на целото човештво. Не соочи со вистината дека сме сите еднакви и дека само сплотеноста може да не направи победници. На овој централен празник на христијанството кој ја слави победата на животот над смртта, Ви посакувам да живеете во духот на празникот и да ја имате сила која ви ја дава верата.

Драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден и да Ви посакам убави празнични денови поминати во семеен мир и душевен спокој.”