Спорт

Џејмс откри што има во план да прави откако ќе ја заврши кошаркарската кариера!

Сподели:

Леброн Џејмс никогаш по играчката кариера не се видел себеси во улога на тренер, иако често е на паркетот.

Не го интересира ниту работата генерален директор, која неформално ја промовира секое лето кога неговите тимови го менуваат составот. Тој сака да биде исклучиво на врвот на пирамидата.

Во трејлерот за новата епизода од неговото ток-шоу The Shop, чија премиера ќе биде вечерва, најдобриот кошаркар на овој милениум во неколку наврати потврди дека сака да биде сопственик на тим.

Џејмс одамна ја откри својата амбиција да поседува НБА франшиза, а како што се приближува крајот на неговата играчка кариера, тие зборови добиваат се повеќе на тежина.

Овој пат прецизираше дека сака да биде сопственик на клубот во Лас Вегас, на еден од најатрактивните американски маркети кој нема кошаркарска франшиза.

Заедно со Сиетл, Лас Вегас според многумина е првиот фаворит за добивање на НБА тим, или со проширување на лигата или со преместување на постоечката франшиза.

НО ДАЛИ НБА ЌЕ СЕ ПРОШИРИ?

Лидерот на НБА лигата Адам Силвер неодамна потврди дека НБА ќе се прошири порано или подоцна, но дека се уште нема конкретни планови.

Но, Џејмс не зборува ниту за блиска иднина, со оглед на тоа што му претстојат уште неколку години играчка кариера.

Сепак, Вегас е поверојатно да добие НБА тим со преместување на некои од постоечките бидејќи неколку франшизи имаат неизвесна иднина на нивните сегашни локации.

Последното преместување на франшизата во НБА лигата беше Оклахома Сити Тандер во 2008 година, кога Сиетл го загуби својот сакан Суперсоникс поради проблеми со салата и оттогаш се обидува да ја врати кошарката во градот.

Последен пат НБА лигата се прошири во 2004 година, кога и се придружија Шарлот Бобкетс, само две години откако градот ги загуби Хорнетс, денешниот Њу Орлеанс Пеликанс. Кога го сменија името, Шарлот го врати и продолжението на Хорнетс.

НБА моментално има 30 клубови и се очекува да додаде уште два наместо еден при следното проширување, за полесна дистрибуција по конференции и дивизии.

За потсетување, Леброн има и власнички удел во Ливерпул и стана првиот активен кошаркар кој заработил преку 1 милијарда долари во кариерата.

The post Џејмс откри што има во план да прави откако ќе ја заврши кошаркарската кариера! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: