Џоковиќ најде замена за месото – Ја нарекува ,,Златна храна,,

Сподели

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ го исфрли месото од исхраната за да му помогне да го одржи здравјето и физичката форма.

ФОТО:Profimedia

Многу се пишуваше и се дебатираше за Новак и неговата сопруга Јелена за нивната исхрана.

Една од намирниците која е незаменлив дел од исхраната во семејството Џоковиќ е киноата. Киноата не дебелее и е составен дел од оброкот на Јелена Џоковиќ и нејзиниот сопруг.

Киноата во Индија се нарекува „златно зрно“ и „кралица на семките“. Античките цивилизации ја сметале оваа житарка за свето растение. Освен што киноата им овозможувала на луѓето да останат живи и за време на војни, оваа житарка може да донесе многу придобивки за организмот.

Содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Богат е со витамини Е, Ц, калиум, разни минерали, амино киселини и есенцијални масла.

Народната медицина користи киноа за лекување гихт, тумори, хемороиди и ишијас. Исто така е одлична замена за месото.

Доколку постите или вегетаријанец, задолжително вклучете ја киноата во вашата исхрана. Богата е со влакна, кои се неопходни за правилно функционирање на цревата.

Многумина сметаат дека киноата е вистинско кулинарско чудо. Ако се додаде во зелка, компир или друг зеленчук, ќе го почувствувате полниот вкус што се добива само со готвење месо.

The post Џоковиќ најде замена за месото – Ја нарекува ,,Златна храна,, appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico