ЏОН БРЕНАН: Исклучително важно е Русија и САД да ги поправат односите

Сподели
Директорот на ЦИА, Џон Бренан, изјавил дека од суштинска важност за глобалната стабилност е САД и Русија да ги подобрат односите.

Џон Бренан изјавил дека се заложува за тоа да се надминат моменталните високи тензии во односите на САД и Русија, пренесува Tass.

Бренан во интервјуто за PBS News Hour исто така оценил дека, според неговото мислење, не постои основа за приказна за нова Студена војна, и додал дека “навистина се надева дека е така”.

“И навистина се надевам, имајќи ги во предвид наредните неколку години, дека односите меѓу Москва и Вашингтон ќе се поправат, бидејќи од критична важност за глобалната стабилност е САД и Русија да имаат подобро односи, и јас тоа во целост го поддржувам”, навел Бренан.