Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е подготвено преку соработка меѓу ЈСП, ФИНКИ и универзитетите, а со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП.
Со воведувањето на дигиталната студентска превозна картичка, барањето на студентите се претвора во конкретно решение. На овој начин студентите добиваат поедноставен пристап, наместо повторно да носат хартиени потврди.
Ова решение се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“.
Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Така, нема да има потреба студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка како што беше до сега.
Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus.
Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката, а QR-кодот од својот телефон ќе биде за валидација во автобусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
фото ЈСП


