Вести Македонија Ударни вести

ДИК Гласањето се одвива мирно – излезноста до 10 часот е 6.31%

Сподели:

Државната изборна комисија на својата прва прес конференција денеска информираше дека до 10 часот излезноста е 6.31%. Податокот е од обработени 88,10% од гласовите, односно дека  гласале 99.192 гласачи со право на глас.

Најголема излезност е регистрирана во Крива Паланка, Демир Капија, Каратово и Берово, а најниска во Врапчиште, Дебар и во Боговиње.

Гласањето досега се одвива мирно, непрекинато и во фер и демократска атмосфера и засега не се регистрирани никакви нарушувања на изборниот процес – соопштија од ДИК.

Сподели: