Вести Македонија Ударни вести

ДИК разреши избирачки одбори од Ѓорче Петров и Берово

Сподели:

Во согласност со записниците од општинските изборни комисии и избирачките одбори, Државната изборна комисија информираше (ДИК) дека конечниот вкупен број на гласови на кандидатите за претседател изнесува Блерим Река 79.921 гласови, Гордана Сиљановска-Давкова 319.364 гласови и кандидатот Стево Пендаровски добил 323.892 гласови, информираат од ДИК.

На 35. седница на Државната изборна комисија било утврдено дека во согласност со членот 121 став (1) од Изборниот законик, во вториот круг ќе се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг освоиле најмногу гласови, односно за Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски.

„Истовремено, на седницата се одлучуваше по службена должност за гласањето во ИМ 2564 Ѓорче Петров, каде согласно член 151 став (1) алинеја 5 од Изборниот законик, Државната изборна комисија со решение го поништи гласањето во ова Избирачко место, имајќи предвид дека бројот на гласачките ливчиња во гласачката кутија е поголем е бројот на избирачите што гласале. Бидејќи бројот на гласови не влијае на конечниот резултат, на ова избирачко место ќе се гласа во втор круг, на 5.5.2019 година. По однос на приговорот за ИМ 006 Берово, се отфрли како недозволен, а се утврди дека избирачкиот одбор не го спровел гласањето на начин утврден со Законикот. Исто така, Државната изборна комисија одлучи избирачките одбори од овие избирачки места да се разрешат“, се вели во соопштението на ДИК.

Сподели: