Обвинетите за убиството на Никола Саздовски добија по 19 години затвор

Сподели

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири добија 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски. Третото лице кое е обвинето е во бегство и е недостапно за органите на прогонот.

Според обвинението, Бесир Беља и Скендер Демири заедно со деветнаесет годишниот Јетон Љужа кој е во бегство, на 29 јуни 2018 година, крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуска постојка во населбата Автокоманда. Од здобиените повреди, десет дена подоцна, Саздовски почина на Клиниката КАРИЛ во Скопје.

Судијката Даниела Алексовска – Стојановска ги задолжи осудените да им платат поединечно на сите членови на семејството на убиениот Саздовски по 15 илјади евра за секој обвинет, за нематеријална штета и душевна болка.

„Казната ќе се издржи, тие ќе се вратат кај своите семејства. Местото на Никола во неговото семејство ќе остане празно. Последиците се ненадоместливи“, рече судијката при изрекувањето на казната.