ДИК: Рокот за приговори истекува денеска во 19 часот

Сподели

Приговорите за постапката за гласање, политичките партии можат да се поднесуваат најдоцна до денеска до 19 часот, соопшти попладнево Државна изборна комисија.

„Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати“, велат од ДИК.

Од таму потсетуваат дека рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите согласно закон истекува денеска на полноќ.