Белгискиот експерт и поранешен посредник во работните групи за имплементација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте во своето обраќање по изборите, им честиташе на сите граѓани кои, како што рече, гласале за промена и кои имале храброст да се изборат за вистинска демократија.

– Како резултати од овие избори, вашата земја заслужува свеж почеток со нова влада и нови лица. Оние кои веруваат дека може да продолжат да се однесуваат како до сега се лажат. Оние кои мислат дека можат да продолжат со авторитарниот пат, се лажат. Вие покажавте дека се грижите за иднината на вашата земја, со вашиот глас покажавте дека сакате да живеете во слободна и просперитетна земја со иднина, за вас и за вашите деца – вели Ванхауте.

Според белгискиот експерт, aлбанската заедница ќе одлучи што следноќе се случи наредно. Тој им порача на ДУИ да не учествуваат во влада во која се целосно замолчени и дека доколку го направат вистинскиот избор, тој ќе поддржи преговори со Грција за да се реши проблемот со името.

– Топката сега е во кампот на албанската заедница, тие ќе одлучат што ќе се случи наредно. Не губете веќе време. Не учествувајте во влада каде што сте целосно замолчени. За сите важни одлуки бевте надгласувани од вашиот коалициски партнер. Време е за промена, време да се изборите за своите права како заедница, време да започнете повторно да работите на интеграцијата во ЕУ и НАТО. Се работи за вашата иднина. Ја имате мојата посветеност дека ако го направите вистинскиот избор, јас сум подготвен да поддржам преговори со Грција да се стави крај на проблемот со името. Затоа што со разумни луѓе, можно е решение – заклучува Ванхауте.

meta.mk