Димитров: Должни сме да бидеме искрени

Сподели

-“Конечната спогодба не само што не го загрозува македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација и јазик, туку ги реафирмира и зацврстува како никогаш до сега. Во пракса спогодбата ќе донесе етаблирање токму на нашиот идентитет и ќе ја надмине нашата ситуација на вечна борба со оспорено именување. Во точка два се цитира Уставот. Должни сме да бидеме искрени. Како што не може идентитетот да се брани копромитирајќи го со процесот на антиквизација, така не може уставот да се брани кршејќи го. Уставот децидно вели дека претседателот своите права и должности ги врши согласно своите права и должности согласно уставот.”

Изјави, Никола Димитров