Димитров: Со Коѕијас сакаме да го решиме спорот, но разликата е во тоа како да се реши

Сподели

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но дека имаат и разлики околу тоа како треба да се реши проблемот.

– Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се покаже на остатокот од Европа дека овде на Балканот можеме да се однесуваме европски. Битката е помеѓу силите на иднината и силите од минатото. Сакам мојот народ да биде со исправена глава кога ќе решиме нешто и ќе се ракуваме – истакна Димитров.

Тој потенцира дека во моментот национализмот е слаб во Македонија и дека сегашната влада се обидува да го замени со „визионерски патриотизам“.

– Затоа сме многу благодарни на бугарското претседателство, бидејќи, во тешка ситуација за Европа – заедно со „Брегзит“ и мигрантската криза, бугарското претседателство успеа да го врати Западен Балкан на дневен ред. Многу е важно да го фатиме овој воз. Долго време сме во чекалницата, важно е за нас, исто така е важно за стабилноста во регионот да се качиме на него – вели Димитров.

meta.mk