Директорот на АНБ треба да објасни како Онишченко добил македонско државјанство

Сподели

 

Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е повикан во Собрание во среда, каде што ќе треба да даде онјаснување за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко (53). Тоа ќе треба да го стори на седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата.

Инаку АНБ дала позитивно мислење за да украинецот добие македонско државјанство. Призма пред три дена објави дека избеган украински политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство.

Онишченко е македонски репрезентативец во коњички скокови, а иницијативата да му се даде македонско државјанство дошла од Федерацијата за коњички спортови.

Во октомври, Онишченко, кој има и руско државјанство, се натпреварувал под македонското знаме. На листата на санкционирани личности од Соединетите Американски Држави, Онишченко е ставен во јануари 2021 година, поради тоа што е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“.