Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али, во својство на висок национален претставник и политички директор за отпорност, овие два дена учествува во работни активности во седиштето на НАТО во Брисел, посветени на јакнењето на отпорноста и подготвеноста за справување со современите безбедносни предизвици.
Агендата опфаќа брифинзи, работни сесии и средби со високи претставници на земјите членки на НАТО, со фокус на актуелните безбедносни ризици, подготвеноста на институциите и размената на искуства и добри практики за поефикасно дејствување во услови на кризи.
Ова е можност дополнително да ги унапредиме националните механизми за превенција, подготвеност и ефикасен одговор, но и да ја зајакнеме координацијата и соработката со нашите сојузници.
Јакнењето на отпорноста значи јакнење на способноста на институциите и државата навремено и ефикасно да одговорат на предизвиците и да обезбедат поголема сигурност за граѓаните.


