„Диселгејт“, причината за смртта на 5.000 лица годишно

Сподели

Во Европа околу 100.000 возила кои испуштаат емисија на азотни оксидни гасови, а се прикажува дека имаат ниска емисија на овие гасови (скандалот „Диселгејт“ ) се причина за смртта на 5.000 лица годишно, јавува Anadolu Agency (AA).

Норвешкиот институт за метеорологија и применета системска анализа (IIASA) спроведе истражување според кое забележан е пораст на смртноста во Европа поради скандалот „Dieselgate” („Диселгејт“).

Во истражувањето се истакнува дека во рамките на скандалот „Диселгејт“ и емисијата на азотни оксидни гасови во околината, во Европа годишно животот го губат 5.000 лица, додавајќи дека смртта на најмалку 10.000 недоносени бебиња во Европа е директно поврзана со „Диселгејт“ .

Според истражувањето, најзагрозени од емисијата на отровни гасови се европските земји, меѓу кои на прво место Италија, Германија и Франција поради големиот број дизел возила и густата населеност.

Најмалку загрозени од отровните гасови се Норвешка, Финска и Јужен Кипар.

Скандалот се случи во септември 2015 година кога се откри дека „Volkswagen“ (Фолксваген) лажно ги прикажува резултатите на излезните гасови во неговите возила и компанијата беше приморена да ги повлече возилата. Во истиот период беше соопштено дека и компаниите Fiat, Peugeot и Renault користеле слични методи.

Истражувањето е објавено во списанието „Environmental Research Letters”.