Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Сподели

 

Од полноќ се намалува малопродажната цена на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денара за литар.

Дизелот ќе чини 81 денар за литар, а Екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продава за 80 денари за литар.

Ццените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму чини 81 денар за литар, додека литар Еуросупер БС-98 се продава по цена од 83 денари.