Вести Македонија

До ДИК пристигнале 980 барања од граѓани со спорни записи

Сподели:

dik-1-860x680

Вкупно 980 граѓани чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, денеска до 13 часот се обратиле до Државната изборна комисија (ДИК).

Како што се наведува во соопштението од Комисијата, од нив, 289 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 691 граѓанин за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на ДИК.

Граѓаните кај кои има несовпаѓање на податоците во избирачкиот список можат да го регулираат своето гласачко прави до 19 август.

Извор:Meta.mk

Сподели: