Вести Колумна Македонија Текстови

Добивање избори со губење власт!? – Мерсел БИЉАЛИ

Сподели:

 

Мерсел Биљали

И по 33 години партијата ВМРО не престанува со штетна националиситчка политика. Од одбивањето да прифатат министри албанци во прата влада, хистеризирањето со името на државата, преку протестите за настава на мајчин јазик, за територијалната поделба на државата, за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, и конечно за Коридорот 8. И така, скокањето во кањон се третира како летање на облаци. Западни релевантни анализи на ваквите настапи со право гледаат антизападна политика.

Вакви настапи сега одат во полза на руско-кинеската скриена агенда за дестабилизација на регионот. Пеколот е награда за тие што го поддржуваат ѓаволот. Неодамнешата тридневна кинеска посета на највисоко ниво во Москва не беше случајна. Без дилема, дека едната од важните теми бил и Балканот, кој за нив претставува сива зона, каде што можат сериозно да ги испровоцираат САД, ЕУ и НАТО. Во тој контекст треба да се третира силниот притисок врз Србија и Косово за да го затворат нивниот спор.

Неодамна, американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, изрази жалење за бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година. Хил ги употреби истите зборови што ги употреби Бајден како потпретседател на претседателот Обама, кога го посети Белград во 2016 година. „Заедно можеме да изградиме подобра иднина каква што заслужува и сака народот на Србија за идните генерации“. „Неопходно е да се запре руската агресија врз Украина и да се врати мирот“ – рече Хил, додавајќи дека тоа треба да се направи заедно со раководството на Србија.

Воените вежби на НАТО во Србија значи изземање од мораториумот за нивно одржување со странски партнери. Вежбата „Платинест волк 23“ беше меѓународна тактичка вежба на која учествуваа бројни членките на НАТО алијансата, вклучително и САД, покажува дека американскиот безбедносен радар силно е фокусирано и врз Балканскиот полуостров. Неодамна американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека САД и Србија се на истата страна што се однесува до загриженоста за повеќето проблеми во светот.

Косовското водство е изначудено од силниот американски притисок за „Заедницата на српските општини“ на Косово. Подобрувањето на односите САД-Србија треба да се гледаат како напори за регионална стабилност. Во политиката е познато дека нема трајни непријателства или пријателства, туку трајни интереси. Да не заборавиме дека САД фрлија атомски бомби врз Јапонија, но денес тие две држави се блиски сојузници. САД во Виетнам се бореа 20 години, но сега имаат многу блиски врски. Тие ја капитулираа хитлероата Германија (дури ја поделија на две држави), но денес се клучни сојузници. Оттука, поимот „НАТО агресор“ во Србија е демоде. Сега САД се еден од најголемите странски инвеститори во Република Србија, покрај големите инвестиции на компаниите „Filip Moris“, „Pepsi Co“, „Coca Cola“, „Ball Corpotation“ итн.

Руска хибридна војна

Русија и сега кога се заплетка во украинската кал, не штеди пари за дестабилизација на Балканот. Дарко Трифуновиќ, врвен професор по безбедносни науки во Белград, детално ги анализирал руските намери за Балканот. Тој смета дека Русија има пеколни планови за овој регион. Според него, Русија во логиката на окупацијата на Крим (2014), а порано на Унгарија (1956) и Чехословачка (1968), мислела дека за неколку дена целосно ќе ја окупира Украина. Потоа со помош на Орбан, би ја вазализирала Унгарија за да тргне кон Србија и Црна Гора, со цел излегување во јужните мориња и дестабилизација на целиот Балкан. Познато е дека претходно, Путин ја подели Грузија (со поддршка на сепаратизмот во Абхазија и Јужна Осетија), а потоа направи де факто поделби и во Молдавија со поддршка на сепаратизмот во Приднестровље. Потоа на ред е дестабилизација на Балканот. Да се потсетиме на обидот за државен удар во Македонија во 2017 година, кој за среќа не успеа. Претходно во 2016 имаше сериозен обид за „државен удар“ во Црна Гора на денот на парламентарните избори, кога беше планиран атентатот врз Ѓукановиќ. Во 2019 година Путин доаѓа во посета Белград. Невиден величествен пречек, а Српската православна црква го седна него во духовниот византиски трон на Света Гора, каде што седнал цар Душан пред многу векови. Симболиката ти била Путин да се претстави како „духовен крал“ и на Србија!

Наспроти заглавувањето во Украина, руската сајбер војна на Балканот продолжува со динамично темпо Денес на Балканот сè уште ја имаме пропагандата на Спутник со бројни медиуми, блогови, веб-страници и со развиена шпионска мрежа. Режимот на Путин прави се војната да се прелее на Балканот, за полесно да се испазари за Украина, односно да го омекне поразот. Оттука, и тие кои се фалат со чизмите на таванот, всушност директно се во служба на Кремљ.

На регионот, единствениот спас му е европскиoт пат. Србија и Вучиќ одамна тоа го знаат и тие постепено свртувуваат кон запад. Неслучајно сега во Србија има големи стратешки инвестиции. Оттука и нашата опозиција треба да разбере дека антизападната политика не е погубна само за нив туку за целата држава и регионот како целина. Поинаку, ќе се претвориме во спонзори за тонењето на државата. Не се бара среќата таму каде што некој друг ја загубил. Добри морнари не се праваат при мирно море. Се погласни се тврдењата за Албанија самата да продолжи кон интегративниот процес. Реално, ВМРО скоро ништо не губи ако поддржува уставни измени. Тоа се виде и од Преспанскиот договор кога наспроти бојкотот ги загуби изборите. А вака, како антизападна си дава сериозен повод да се обвини за про-руска партија, за потоа шансите, да си прави влада, да станат ептен минимални. Сега има шанса барем еднаш да постапи државнички и веројатно да ги добие изборите.

Предавство не е изнаоѓањето решенија за проблемите, туку проблематизирање на секое решение. Предавство се блокирањата што државата ја доведоа до состојба од втора по развој меѓу 16 држави од источна Европа, сега на последно место. Предавство е жалното исселување на младите, немањето економска визија, корупцијата, нефукционирањето на институциите, немањето мерит систем итн.

Изборни коалиции!

ВМРО прави голема грешка кога мисли дека со весела математика ќе прави влада! Победата на Груевски во 2017 е доказ за тоа. Со деструктивен национализам не се доаѓа на власт, барем не сега. Тоа го знаат и самите, но штом не се борите со ветерници, тогаш ќе се свртат накај што дува ветерот.

ВМРО има можност да понуди сериозна развојна програма за секој дел од државата, тогаш веројатно ќе ја добие и симпатијата на другите етнички заедници. Таа требаше да каже како до мериторен систем кој е волшебен клуч за одење напред. Без тој клуч ќе продолжиме да бидеме заглавени во калта. Потоа, визија и проект како до функционално судство и администрација. Тогаш таа ќе ја има поддршката од сите. А не со злоупотреба на црквата и поповите за партиски цели за државен празник. Таквата евтинија лесно е читлива.

Параноичните настапи за уставните измени и за К-8, ја демаскираат нејзината бедна политика. Тие имаат право да се запрашаат за секој денар кај оди, ама не да го закочат проектот кој е почнат дури 1993 година. Да беше завршен К-8 во 2000-та година, веројатно сега Македонија ќе беше многу пред соседите. А таа е последна најмногу поради лажниот евтин патриотизам! За жал, гаѓањето со национализам што започна со кумановскиот градоначалник, се прави во времето кога Србија интензивно работи на модерниот автопат Ниш-Приштина, се цел да излезе во Драч и да се поврзе со три континенти со што ќе му го земе приматот на нашиот К-8. Коридорите не продуцираат национализам туку интернационализам. Тие се екстра профитабиелен меѓународен бизнис. Јужно од нашата држава одамна е завршено со „Вија Игнација“ од Александропол до Игуменица, па на нашата држава и одзема голем дел  од прифитот и геополитиката положба. Секое задоцнување на нашиот К-8 ризикува нерентабилност, а државата „слепо црево“! Тоа така требаште да се престави, а не со детинесто фалење на одделни луѓе.

Потоа, уфрлувањето пораки дека некој друг е „вистински премиер“ е голема мизерија и му прави голема полза токму на тој што наводно вмровците ич не го сакаат! А башка последиците од националистички отров. Тоа е нивен тотален аматеризам, па затоа во континуитет ги губаат сите можни партнерства со партии на Албанците. По таа логика треба да се обвини Деспотовски што над 90 отсто странските инвестиции отидоа на истокот од државата, кај што Коридорот 10 веќе е при крај, а плус паралениот автопат Миладиновци – Штип – Струмица веќе е готов!!! Е зошто тука се молчи другари вмровци!? Така не се прави држава и затоа сме тука каде што сме! Така можете да ги добиете изборите ама ќе ја загубите можноста за правење влада. А во таа партија гледам бројни способни луѓе кои сеуште се немоќни пред глупавоста.

Наместо да се седне и да се натпреваруваме со идеи и програми како да ги запреме младите кои неповратно ни бегаат, ние дури го помагаме тој пекол. Вака за неколку декади тука како мнозинсто ќе бидат други народи, а нашите народи ќе ги читаме по книгите на историја. За 33 години дружење со злото, веќе сме преполовени, со тенденција тотално да исчезнеме.

 

Сподели: