Благодарници на учесниците во спасувачката акција по земјотресот во Албанија

Сподели

 

Градоначалникот Шилегов и заменик градоначалникот Енвер Малиќи денеска им додели благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.

 

 

Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.

 

 

Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од оштетените објекти.