Вести Македонија Ударни вести

Договорот за името повторно пред пратениците на 5. или 6. јули

Сподели:

На собраниската седница која ќе се одржи на 5 или 6 јули, по втор пат ќе се гласа за Законот за ратификација на договорот за промена на името меѓу Македонија и Грција, најави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.

Доколку по втор пат претседателот Иванов не го потпише указот и тоа помине во пракса, ќе се употреби исто решение и за Договорот, но и за Законот за употреба на јазиците.

Едно од решенијата е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.

Ваков случај веќе имаше со непотпишувањето на Иванов на указот за Законот за употреба на јазиците и по второт гласање во Собранието.

Во однос на референдумот вели дека доколку се одржи на крајот на септември, тој мора да биде распишан на крајот на јули.

Сподели: