Јовановиќ до Левица: Нешто не ви текнуваат „смешни“ амандмани кога треба да лапнете стотици илјади евра

Сподели

 

Ниту една политичка партија не се откажува ниту има намера да ги донира распределените 3,5 милиони евра за финасирање на партиите. 

Според Левица, државното финансирање на политичките партии има клучна улога во одржување на каков таков политички плурализам. Иако сегашниот модел, на малите политички партии им носи најмал процент од финансиите, сепак, тоа има и далеку поголемо влијание врз нивната можност да учествуваат и да се борат во политичкиот систем, односно да ги претставуваат интересите на нивните гласачи, изјавија од Левица за Плусинфо.

После оваа изјава, на својот фб профил Бранимир Јовановиќ напиша:

“А бе кај се Апасиев и Крмов да прават „филибастеринг“ за 3-те милиони евра народни пари за политичките партии?
Нешто не им текнуваат „смешни“ амандмани кога треба и тие да лапнат стотици илјади евра…
Ама добро, нека паднат маските… Нека видат сите убаво дека не им е гајле ниту за сиромашните, ниту за државата, него само за еврата на нивните сметки…” – напиша Јовановиќ на фб.
 
denesmagazin.mk