Вести Македонија Ударни вести

Дојава за бомби во 9 средни училшта и во Народната банка во Скопје

Сподели:

 

Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на електронска адреса на 9 средни училишта во Скопје, е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ  било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели: