Вести Македонија Став

ДОМ го поздравува предлогот на Градот Скопје за претворање на центарот во пешачка зона

 

Зелената партија ДОМ го поздравува предлогот на Градот Скопје за претворање на центарот во пешачка зона, што е и наша долгогодишна програмска заложба. Тоа е пракса на многу европски градови, а најдобар пример е Виена, која од најпрометната трговска улица Марија-Хилфер Штрасе направи пешачка зона, со многу нови содржини и зеленило, за слободно движење и дружење на граѓаните.

Сметаме дека овој предлог има СЕРИОЗЕН НЕДОСТАТОК: предвидува проширување на улицата „Даме Груев“ и претворање во прометен булевар, со уништување на дрворедот и тротоарот. Целата таа обиколница е и резиденцијален дел и со ова би се нанесла голема штета на квалитетот на живот на граѓаните. Укажуваме, дека ширењето на улици во старо градско јадро заради поголем и побрз сообраќај е застарен плански концепт!

Светот, а Европа посебно, силно го промовира и применува современиот концепт на одржлива урбана мобилност и паметен град. Суштината е да се обезбеди мултифункционалност на градот, кој постои заради граѓаните, а не заради возилата! Се препорачува намалување на бројот на возила преку користење јавен транспорт, велосипеди и пешачење. Се вложува во електромобилност, велосипедски патеки, тротоари, пешачки зони, зеленило. Ефектот е поефикасен транспорт, помалку гужва во сообраќајот, помалку емисии на штетни издувни гасови, поголема безбедност во сообраќајот и поголема социјална интеграција. Накусо, поквалитетен живот на граѓаните.

Сподели: