Вести Македонија Став Ударни вести

ДОМ: Конечно имаме нов закон за урбанистичко планирање

Сподели:

 

ДОМ го поздравува донесувањето на Законот за урбанистичко планирање, кој беше синоќа едногласно изгласан во македонското собрание. Тој е заеднички производ на осуммесечна работа и усогласување помеѓу пратениците во работната група на Комисијата за транспорт, врски и екологија со претставниците од Министерството за транспорт и врски. Заслуга за продуктивната и аргументирана дискусија имаат сите учесници во овој процес, вклучително и министерот и претседателката на комисијата.

Изразуваме посебна благодарност до сите граѓански активисти и експерти од областа на урбанизмот за споделената грижа и знаење за подобро уредување и хуманизирање на јавниот простор. Тие ни помогнаа со своите предлози и сугестии да ги формулираме нашите амандмани, вкупно 60 на број. Тие беа исто така учесници во формулирањето на овој законски текст, преку учеството во собраниската јавна расправа и пишаните забелешки, кои пратениците ги преточија во амандмани.

ДОМ за првпат застана зад закон за урбанистичко планирање, затоа што овојпат беа прифатени практично сите клучни амандмани, со што јавниот интерес и здравјето на граѓаните се стави пред профитот на поединците. Конкретно, во законот е вградено следново: дефиниција за јавниот интерес како приоритетен; заштита на зелените површини според Законот за урбано зеленило; мерки за заштита од климатски промени; задолжителни јавни расправи за сите плански опфати, покрај стручни расправи и јавни презентации; продолжени рокови за информирање, расправи и забелешки од 30 до 90 дена; носење нов Правилник за урбанистичко планирање со јавна постапка; јавни објави на сета документација во различни медиуми; задолжително граѓанско партиципативно тело; стратешка оценка на влијание според Законот за заштита на животната средина; третман на заштитените подрачја според Законот за природа; дефинирана постапка за урбанистичките проекти од државно значење поврзана со јавни расправи и почитување на мислењето и волјата на локалното население; заштита на природното и културно наследство; задолжителна вело мобилност; забрана за скратени постапки – се наведува во денешното соопштение на ДОМ.

Сподели: