ДОМ: Пристап кон жртви на родово базирано семејно насилство

Сподели

 

По повод 10 декември – Меѓународен ден на човековите права, Форумот на жени на ДОМ организираше онлајн дебата на тема „Пристап кон жртви на родово базирано и семејно насилство, проценка и третман“. Презентацијата ја направи м-р Радојка Дракуловска – Наумовска.

ДОМ долги години е поборник за борба за социјална правда, недискриминација, родова еднаквост и општествена рамноправност. Почитувајќи ги принципите на правда и човекови права граде иднина каде секој човек може да ужива во своите права и слободи, што всушност претставува еден од темелите на програмските определби на ДОМ.

Дебатата ја отвори м-р Радојка Дракуловска – Наумовска член на Форум на жени на ДОМ каде што детално преку својата презентација ги опфати следните точки:

 

 

На кој начин може да им помогнеме на жртвите на насилство, Кои се Обврските на надлежните органи (полиција, центар за социјална работа, здравствена установа, образовна институција, судски органи), Кои се предизвиците во работата со одредена популација особено кога станува збор за децата и нивните семјства, Факти за детската траума, Проценка на лицето/детето, Третман фокусиран на траума, Стратегии за создавање чувство на сигурност, Вклучување на семејството во третманот, Приспособување на жртвите на злоупотреба,Отежнувачки семејни околности и друго.

Радојка вели дека соработката меѓу институциите е секогаш неопходна во приближувањето и обезбедувањето помош на секое  злоставувано лице/дете

Тука спаѓаат: Образовниот систем (градинка или училиште), Центар за социјални работи, Полициска станица, Доктор (семејство, училиште), Специјалист за ментално здравје (психолог, психијатар, дефектолог), Судски систем (државно правобранителство), Граѓанско општество (вклучени здруженија, на пр. здружение за деца или родители.

Најважно од се е секогаш бидете искрени со жртвите на насилство,Не давајте ветувања што не можат да се исполнат (на пр. дека никој нема да дознае за злоупотребата), Не давајте лажни одговори (на пр. дека насилникот нема да оди во затвор), Една од најважните компоненти на третманот на малтретирани жена/дете е односот помеѓу нив и терапевтот (повторното воспоставување на довербата).

Во дебатата се вклучија и Маја Морачанин со примерок од досегашното искуство како претсетаделка на ДОМ како и Олгица Вељковиќ членка на Форум на Жени од ДОМ која е голем поборник за правата на жената и низ своето досегашно искуство имаше долго елаборирање во делот на семејно насилство.