Доминација на Верстапен и во Канада за чекор поблиску до 3-тата Ф1 титула!

Сподели

Loading

Макс Верстапен, победи на осмата трка во сезоната што се возеше на патеката Жил Вилнев во Канада.

Фото: AFP

Холаѓанецот стигна до 41-та победа во кариерата, шестта во сезоната со што се израмни со Аиртон Сена по бројот на победи.

Пилотот на Ред Бул возеше сигурно и во квалификациите и на трката во Канада, која беше прва на американско тло оваа сезона.

Второто место го освои Алонсо од Астон Мартин, а трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес.

Возачите на Ферари, Леклерк и Саинц конечно завршија заедно една трка и се пласираа на четврттото и петотто место.

Бодови уште освоија и Перез, изненадувањето од Вилијамс Албон, Окон, Норис и Строл.

Најбрзиот круг на патеката го извозе Перез од Ред Бул и тоа во последниот круг и со тоа освои уште еден бод.

Верстапен води со 195 бода, и го зголеми водството пред својот клубски колега Перез на 69, трет е Алонсо со 117, четвртти е Хамилтон со 102, а петти Саинц со 68 бода.

Следната трка се вози за две недели на 2 јули каде Ф1 циркузот се сели во Европа во Австрија каде ќе се вози 9-тата трка во шампионатот на патеката Ред Бул Ринг.

The post Доминација на Верстапен и во Канада за чекор поблиску до 3-тата Ф1 титула! first appeared on .

Powered by WPeMatico