Вести Македонија Ударни вести

Донација од 300 заштитни визири од Ротари Клуб Скопје – Камен Мост за Македонскиот полициски синдикат

Сподели:

 

 

Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, денес на Македонскиот полициски синдикат донираа 300 заштитни визири кои ќе бидат распределени на наши колегите кои во овие моменти на колективна опасност се дирекно изложени во борбата со COVID 19 и токму од таа причина ние од Македонскиот полициски синдикат бескрајно сме им благодарни, се наведува во денешното соопштение на Полицискиот синдикат.

Ротари Клуб Скопје Камен Мост со оваа донација се приклучуваат на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и во овие тешки моменти кога дури работат и со загуба, пренасочија дел од своите финасии или произдводствени капацитети и понудија помош во заштитна опрема, можеби мала, но за нас како планина голема помош!

 

 

“Среќни сме што можеме да помогнеме на општеството во овие тешки моменти.Тое една од основните вредности на Rotary International, која членовите на нашиот Ротари Клуб -Камен Мост Скопје од срце ја подржуваат. Истовремено ги поздравуваме активностите на Македонскиот полициски синдикат и даваме подршка за активностите кои тие ги чинат за своите колеги. Продолжуваме со донации кадешто ќе се појави потреба.Со оваа донација ги штитиме оние кои не штитат нас.” изјави при примопредавање на донацијата,  Радмила Димовска член на клубот која заедно со овогодишниот претседател на Ротари Клуб Скопје Камен Мост, Маја Лапе ја предадоа донацијата на раководството на Македонскиот полициски синдикат.

 

 

“Да се надеваме дека се повеќе компании ќе го прифатат овој НАШ АПЕЛ за поддршка во борбата против вирусот „КОВИД-19, бидејќи повеќе од јасно е дека сега е време кога е потребна солидарност и поддршка, за што од исклучителна важност е поддршката и помошта на институции каде во моментов таа е најпотребна.. Како Македонски полициски синдикат сме особено среќни бидејќи покрај тоа што Ние како Синдикат преку нашите органи и тела издвоивме значителна сума на средства со кои се набавени заштитни средства, на нашиот повик се јавија неколку општествено одговорни компании кои несебично ја поддржаа нашата активност.”- истакна  Д-р Марјан Кицев Претседател на Македонскиот полициски синдикат.

 

 

“Им благодариме на Ротари Клубот  – Камен Мост Скопје  за оваа донација. Сакам да потенцирам дека до денес Македонскиот полициски синдикат првенствено на своите  членови им  распредели околку 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба, 15.000 заштитни ракавици, 2500 антисептик гелови, 3000 течни сапуни, средство за дезинфекција на простории од преку 1000 литри со кое секојдневно изминативе 20 дена наши синдикални преставници вршат дезинфекција на возила и простории на МВР низ целата држава. Продолжуваме понатаму со распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите на терен и која ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата” – истакна Киро Трајковски Генерален секретар во Македонскиот полициски синдикат.

ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ХЕРОИТЕ СО СИНА УНИФОРМА!!! ТИЕ ГИ ШТИТАТ ГРАЃАНИТЕ!!!! НИЕ СМЕ ТУКА ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НИВ!!

Сподели: