Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ

Сподели

 

Македонското собрание во скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чија цел е намалување на даночната евазија.

Во собранието 65 пратеници гласаа „за“, а немаше ниту „против“, ниту „воздржани“.

Законот ќе почне да важи од 1 јули.

Со пријавување на фискалните сметки, физичките лица ќе имаат право на враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки, при што износот на пресметан данок од кој ќе се враќа данокот изнесува најмногу 12.000 денари во едно тримесечје.