ДПИ со 1.366 контроли за почитување на здравствените протоколи и 104 контроли поврзани со викендот без ДДВ

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно 9 надзори и 124 контроли во трговски објекти и 93 контроли во угостителски објекти во повеќе градови на територијата на РСМ. Контролите се извршени согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и согласно здравствените протоколи за отварање и работа на угостителски објекти заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден, при контролите, изречена е 1 мерка во трговски објект во Струга согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за што следи прекршочна постапка. Во останатите градови, при контролите од страна на ДПИ, не се констатирани неправилности по посочените закони и протоколи.

Во изминатите три дена на продолжениот викенд, од страна на ДПИ се извршени вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и Закон за заштита на потрошувачи.  Најмногу неправилности се  констатирани во саботата ( 10.10.2020) за кога ќе бидат поднесени 12 кривични пријави и четири објекти кои ги прекршиле здравствените протоколи и изречени се 9 мерки за прекршување на законите за трговија и за потрошувачи.  

Следниот ден недела (11.10.2020) и во текот на вчерашниот ден понеделник (12.10.2020), ДПИ констатираше намалување на  неправилности.
При тоа, изречени ќе бидат вкупно 15 кривични пријави на угостителски објекти за прекршување на здравствените КОВИД протоколи и 4 прекршочни пријави за непочитување на работно време, забрана за пушење цигари и затекнати нерегистрирани објекти и една мерка за  непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење на дејност.  Во делот на Законите за трговија и за заштита на потрошувачите, во истиот период изречени се вкупно 10 мерки за прекршување на овие два закони, и констатирани се 5 прекршоци на Законот за трговија. 

Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.