ДПМНЕ ја попречува истрагата за Онкологија кои ја водат надлежни институции

Сподели

 

Истрагата за грозоморниот случај на Онкологија ја водат надлежни институции. Министерството за внатрешни работи и обвинителството, за првпат во 20 години влегоа на Онкологија и започна расчистување.

ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува болни а со своето делување се обидува да и наштети на целата постапка.

Истрагата не смее да бидат предмет на политички манипулации, но толкав е капацитетот на ДПМНЕ.

Наместо да ја поздрави истрагата, само попречува, со обиди да ја политизира и да ја меша со непостоечка надлежност.

Тоа потврдува дека Мицкоски стравува што ќе покаже истрагата, за се што се правело на Онкологија со грозоморната шема воспоставена пред многу години, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.