Вести Македонија

Државата со ново задолжување од 61,3 милиони евра!

Сподели:

euros

Државата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании.

Според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години.

Врз основа на доспеани обврски, утре државата треба да врати 49,26 милиони евра, а за четири дена уште 12,21 милион евра.

Министерството за финансии вчера објави дека со третиот квартал од годинава јавниот долг достигна 4,76 милијарди евра, што е 50,6 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, реагираше дека владината политика на континуирано задолжување ги турка сегашните и идните генерации во должничко ропство.

Сподели: