Државна награда „Мајка Тереза“ за Борче Стаменов и доц.д-р Ирфан Ахмети

Сподели:

На 26 август, во Кристалната сала на Собранието на РС Македонија, во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната наградата им се доделува на Борче Стаменов и доц.д-р Ирфан Ахмети.

Сподели: