Вести Македонија Став Ударни вести

ДС бара мораториум на проектот со Бехтел и Енка додека не се објави Договорот

Сподели:

 

Демократскиот сојуз инсистира Државниот завод за ревизија да изврши ревизија над досегашните активности во врска со изградбата на коридорите 8 и 10 д.
 

Прво, дали потпишаниот Договор со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“ е во согласност со позитивните законски прописи на Македонија. 

Второ, дали фирмите за консултации и надзор се избрани во согласност со законските решенија.

Извештајот што ќе го подготви, Државниот завод за ревизија да го достави до сите пратеници.

Бидејќи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, тврди дека Договорот со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“ е во целосна согласност со основниот закон за изградба на коридорите кои го предложиле и изгласале самите пратеници, а тоа значи префрлање на одговорност врз пратениците, Демократскиот сојуз бара деветте (или осумте) закони кои пратениците ги поднесоа за усвојување во скратена постапка, да се повлечат и Владата да ги достави до Собранието во редовна постапка.

Во меѓувреме, постигнатиот Договор со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“ да се достави до сите пратеници и до јавноста, за да може да се направи анализа и стручна експертиза.

Доколку Владата и натаму инсистира на тоа дека договорот е класифициран, за тоа да се произнесе Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации.

До завршување на сите овие претходни активности, да се стави мораториум на имплементацијата на овој стратешки проект.

Инаку со индигнација ги отфрламе тезите на власта дека тие што наводно го оспоруваат овој проект, се против САД и ЕУ.

Јавно соопштуваме дека има сомнежи за корупција од големи размери и се додека не се обезбеди целосна транспарентност и ревизија на досегашните активности нема да поддржиме законски измени кои се резултат на веќе потпишаниот договор, за кој граѓаните треба да платат околу 2 милијарди евра, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.

 
Сподели: