Го повикуваме премиерот Димитар Ковачевски да ја преиспита и да ја повлече одлуката за назначување на Артан Груби за координатор на проектот.
Државните институции да го истражат овој проект и коруптивните елементи поврзани со него и да отворат кривично правен процес против инволвираните во криминал.
Инсистираме Државниот завод за ревизија да направи вонреден надзор и да ги провери сите досегашни активности на власта поврзани со коридорите 8 и 10 д, како и проектот во целина и вклучувањето на „БЕХТЕЛ И ЕНКА“, со директна спогодба.
Тоа го бараме за да се спречи грабеж и по којзнае кој пат да не се повтори поговорката „КУЧИЊАТА ЛААТ, А КАРАВАНОТ СИ ВРВИ”.


