ДУИ бара Град Скопје веднаш да го отстрани билбордот без албански јазик

Сподели:

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повикува градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик.

И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик од официјален билборд не претставува само прекршување на законот, туку и постапка што создава чувство на исклученост и предизвикува непотребни меѓуетнички тензии.

ДУИ нема да дозволи почитувањето на албанскиот јазик да зависи од политичката волја на еден поединец. Поради тоа, ќе поведеме правна постапка пред надлежните институции за утврдување и санкционирање на ова прекршување.

Сепак, почитувајќи ја реакцијата на граѓаните и потребата од зачувување на соживотот, уште еднаш го повикуваме градоначалникот на Скопје да постапи одговорно, да го почитува законот и да не создава поделби, омраза и меѓуетнички тензии во главниот град.

Скопје им припаѓа на сите негови граѓани. Албанскиот јазик не е привилегија ниту декорација, туку право загарантирано со закон.

Незаконскиот билборд мора веднаш да биде отстранет.

Сподели: