Вести Македонија Став Ударни вести

ДУИ: Фракцијата на ДПА измислува, Таравари безсрамно ги имплицира Албанија и Косово

 

“Демократската Унија за Интеграција смета дека секое јавно појавување на фракцијата на ДПА на Мендух Тачи, ДР во ДПА од нивните претставници го обелоденува стравот во нивната срж од директното соочување со ДУИ и претрпување на петиот пораз по ред во изборните процеси од нивното отцепување од ДПА, или седумнаесети пораз по ред воопшто.
Апсолутно победивме од 2002 година се до сега, особено на парламентарните избори 2016 година, потоа на локалните избори кога и нивниот претседател, откако ја напушти ДПА, изгуби во својот град, следувајќи и на предвремените локални избори во Дебар како и на претседателските.
И по 4 порази од ДУИ, како и неподржувањето на референдумот за НАТО и ЕУ, ниту еден од нив немаше храброст да сноси демократска, морална и политичка одговорност и ова говори за недостаток на почитт кон волјата на граѓаните од овој субјект.
Нашиот поранешен владин партнер, во постојани напори за да ги задскрије последователните порази, како и да создаде секојдневни скандалозни лажни вести,  безсрамно ја имплицира Тирана и Приштина и другите партии во нивниот  дефетистички и разочарувачки приказни.
Слично постапија и при создавањето на приказната за “Тиранската платформа”, создавајќи им аргументи на македонската опозиција, нивниот идеолошки партнер.
При вакви околности, кога и ДР на ДПА нема никакви сомнежи во следната победа на Демократската Унија за Интеграција, повторно одлучи да ја користи својата стратегија од претседателските и локалните избори кога побараа други партии и лица да ги обвинат за поразот кој им тежи.
Скандалозните наводи на Таравари и ДР во ДПА за вмешување на “странските фактори” и барањето на спас од следниот пораз од другите фактори, другите партии и лажните вести за да се урне се што е постигнато ќе бидат казнети од граѓаните.
За жал, граѓаните се сведоци дека единствената агенда на фракцијата на ДПА е деструктивноста, провокација со клевети, создавањето на лажни вести,  пропаганда и измама” – се наведува во денешното соопштние на ДУИ.
Сподели: