Вести Македонија

ДУИ и СДСМ ги продолжуваат консултациите во партиите по вчерашната средба

Сподели:

СДСМ и ДУИ, по вчерашната средба на работните групи, продолжуваат со внатрепартиски консултации за конкретизирање на преговарачките позиции.

img_20170207_204415

Партиите не кажуваат кога ќе биде следниот состанок. Шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби во емисијата 200 изјави дека ако СДСМ ја прифаќа заедничката платформа на албанските партии, во која е и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција.

“Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.” – изјави Артан Груби – ДУИ.

 Од СДСМ и понатаму немаат став за платформата. Портпаролот Петре Шилегов, рече дека очекува посетата на еврокомесарот Хан в четврток, да ја потврди изборната волја за промени.

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението објавено по средбата меѓу Никола Груевски и амбасадорката на ОБСЕ, Нина Соумалаинен, со заканувачки тон, се порачуваат дека партиите кои ќе формираат влада без ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преземат одговорноста за проблемите кои ќе произлезат.

„Секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“. – соопштија од ВМРО ДПМНЕ

Во соопштение се наведува дека принципот победник со победник не може да се примени според потребата. ВМРО-ДПМНЕ сугерира, за да се избегнат трошоците, новите избори да се одржат заедно со локалните.

Извор: Алсат М

Сподели: