Изјавата на Билал Касами дека „понекогаш може да има помалку или повеќе“ Албанци на државните манифестации и при доделувањето државни награди е обид да се релативизира исклучувањето на Албанците.
Кога Албанците се отсутни, виновни се комисиите; кога се бара еднаква застапеност, власта се крие зад оправдувања. Ова не е еднаквост. Ова е етичкото пред етничкото, рагираат од ДУИ.
ДУИ бара на сите државни манифестации, при доделувањето награди и во државните програми да се обезбеди правична и соодветна застапеност на Албанците, во согласност со принципот на еднаквост и Охридскиот мировен договор.
Албанците не бараат привилегии, туку реална еднаквост и почит кон нивниот придонес во државата.
Затоа што кога Албанците се исклучени, тоа не е „понекогаш помалку“.
Тоа е дискриминација.


