БЕСА: ДУИ за цел ја имаат само рехабилитацијата на оние кои 15 години екстремно го уништија интересот на Албанците во Македонија

Сподели

 

„Имајќи предвид дека во последно време се крена многу прашина за Заедничката Декларација на Албанските Партии во Македонија и за организирање на Тркалезната Маса на Албанските Парламентарни Партии во Македонија, чувствуваме потреба пред јавноста да објасниме дека ова бучава се прави се со цел некои албански политички партии во Македонија политички да придобијат во пресрет на локалните избори“, стои во соопштението на Движењето БЕСА.

„Притоа, ја изразуваме нашата згрозеност за фактот дека претседателот на ДУИ и еден нивен пратеник, во нивните јавни настапи, на инфантилен начин изјавија дека Декларацијата е изготвена во Скопје, па дури и дека самите ја изготвиле. Ова не само што не е вистина, истотака е навреда за олеснувачите за постигнување на таа Декларација, како и за неговите подржувачи. Сепак, тоа останува во нивна совест.

Вистината е дека, во однос на заедничката Тркалезна Маса на Албанските Парламентарни партии во Македонија, ставот на Движењето БЕСА беше дека не прифаќа состанок кој се иницира од претседателот на ДУИ во Скопје, и ова е добро познато за јавноста. Тие кои беа главни виновници што на БЕСА и се одземаа два пратеника и да и се дадат на ВМРО, немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците, ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија.

 Поради ова причина, ваквите иницијативи, наводно во има на Албанските интереси, но злоупотребувајќи ја Тркалезната Масата, за нас се со лоши намери и за цел ја имаат само рехабилитацијата на оние кои 15 години екстремно го уништија интересот на Албанците во Македонија. На тој што и се потребни јавни средби со БЕСА, за да може како Пилат да си ги измие рацете од кривичните дела, не можеме да и го дозволиме тоа задоволство.

Затоа, се додека нема иницијатива за свикување на тркалезна маса според тоа што сме се договориле, тоа значи дека нема воопшто да се организира. Состаноците кои се одржуваат во име на Декларацијата, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ –Алијанса отколку на масата договорено со Декларацијата. Едноставно, затоа што масата ниту е конституирана некогаш, но тие се состаноци кои започна во А. Палас и кои продолжуваат помеѓу горенаведените партии и ние немаме никакво право да се мешаме во нивната соработка. Меѓутоа, ова не го спречува спроведувањето на Декларацијата, бидејќи Движењето БЕСА се уште ја поддржува Декларацијата и кога нејзините точки ќе дојдат во Собранието на Р. Македонија, нејзини пратеници ќе ги поддржат нив“, стои во соопштението на Движењето БЕСА.