Од 16 до 22 ноември 2026 година, во Албанскиот театар – Скопје се одржува четвртото издание на Фестивалот на албанскиот театар „МОИСИУ“, значаен културен настан кој ги обединува албанските театарски сцени од регионот.
„МОИСИУ“ е копродукција на Албанскиот театар – Скопје, Националниот театар од Тирана и Националниот театар на Косово. Ова институционално партнерство има за цел да ја зајакне соработката меѓу театарските институции и да создаде заедничка платформа за развој и афирмација на сценската уметност.
Фестивалот се организира според принципот на ротација, а оваа година домаќин е Албанскиот театар – Скопје. Годинешното издание на „МОИСИУ“ носи богата уметничка програма со вкупно 10 театарски претстави. Програмата опфаќа разновидни естетски пристапи, современи режисерски концепции и значајни авторски гласови во албанското театарско творештво.
Во текот на седумте фестивалски денови, фестивалот има за цел да го претвори Скопје во значајно место за средби на уметниците, институциите и публиката, создавајќи простор за размена на искуства, уметнички дијалог и градење нови мостови на соработка меѓу театрите.


