Вести Македонија Ударни вести

ДВ: Сите детали од францускиот предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор

Сподели:

 

Северна Македонија ќе треба да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ, се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија. Официјално Скопје, барем засега, тврди дека до нив не стигнал овој документ. Притоа, поголем дел од планот „4+1″ на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, се сели во Преговарачката рамка. Па така, во Акцискиот план кој треба да го спроведе Скопје, освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, се споменува и образованието. Дополнително, за воопшто да почнат пристапните преговори, Бугарија ќе треба да биде задоволна дека повеќе не се врши дискриминација во земјата и дека нема говор на омраза. Тие прашања ќе бидат регулирани со Акцискиот план на кој Скопје ќе мора да се обврзе.

Со предлогот, за кој Софија треба да се изјасни деновиве, останува активен и спорот за македонскиот јазик кој го отвори Бугарија, затоа што во него се предвидува двете земји со унилатерални декларации да и се обратат на ЕУ со објаснување за јазикот.

 

Текстот на Дојче веле, во целост прочитајте го тука

Сподели: