Два последователни земјотреси во Македонија со јачина од 4,7 и 4,4 степени

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 4.9 степени според Рихтер во 22 часот и 17 минути ја стресе Македонија. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.

Земјотресот беше на длабочина од 2 километри и истиот беше почувствувани и во Скопје. Засега нема информации за материјална штета.

Претходно, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтер, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50 км југозападно од Скопје.