Вести Македонија Ударни вести

ЕБОР и Комерцијална банка промовираат еколошки инвестиции

Сподели:

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги поддржува еколошките инвестиции во Северна Македонија со доделување на кредит во износ од €1 милион за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање на  зелена економија – GEFF .

Средствата ќе бидат достапни за еколошки инвестиции во станбени објекти. Ова ќе вклучи инвестиции во зелени технологии со високи перформанси, материјали и решенија во приватни живеалишта и згради.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Ни претставува задоволство да ги прошириме нашите зелени активности во Северна Македонија и да и посакаме добредојде на Комерцијална банка Скопје во користењето на оваа програма. Поддршката на зелените инвестиции е еден од нашите клучни приоритети и драго ни е што најголемата Македонска банка се приклучува во овие залагања. Во таа насока, надминувањето на корона вирусот и изградбата на економијата остануваат во нашиот фокус. Зеленото обновување е еден од начините за заздравување на економијата, а овој кредит е чекор во таа насока.“

Комерцијална банка Скопје е најголемата банка во Северна Македонија. Таа е петта банка која се приклучува кон GEFF Програмата во Северна Македонија, која е дел од Програмата за финансирање на  зелена економија на ЕБОР во износ од  85 милиони наменета за Западен Балкан. Истата е промовирана во 2017 година, и претставува заедничка иницијатива на Европската Унија (ЕУ), Австриското Федерално Министерство за финансии и земјите кои ја примаат оваа помош од Програмата за инвестирање на Западен Балкан –WBIF .

Од ноември 2020 година, поддршката преку GEFF во Северна Македонија стигна во скоро 1,600  домаќинства и пласираше кредити од износ од над €11 милиони, за повеќе од 1,600 индивидуални проекти, кои придонесуваат во заштеда на над 7 милиони kWh енергија и намалување на испуштањето над 3.000 тони јаглероден диоксид на годишно ниво. Најчесто финансираните технологии се вратите и прозорците, изолација и термални пумпи.

 GEFF се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан-REEP plusфинансирана од ЕУ и имплементирана од ЕУ во партнерство со Секретаријатот за енергетска ефикаснсотREEP plus пружa поддршка и во политиките за хармонизација на законодавството за енергетска ефикасност на Северна Македонија и регулативите за енергетска ефикасност, согласно релевантните директиви на ЕУ.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над €2 милијарди во 137 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.

·€1 милион кредит од ЕБОР за Комерцијална банка Скопје

·Кредит од Програмата за финансирање на  зелена економија – GEFF

· Финансирање на енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор

Сподели: