Една година од трагедијата во Кочани: 63 празни столчиња

Сподели:

На 16 март 2025 година во трагедијата во дискотеката „Пулс“, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Денеска 16 март, 2026 година се поставени 63 празни столчиња во сеќавање на големата трагедија и големата загуба.

Општина Кочани организира тридневна комеморативна и духовна програма: богослужби, отворање на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“, симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ и мурал „Ѕид на сеќавање“. Во 2:15 часот по полноќ, времето кога избувна пожарот, се одржа и собир пред објектот „Пулс“.

фото Супорт Кочани

Да не се повтори и да не се заборават: Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

Сподели: