Вести

ЕДНА НЕДЕЛА ПО ПУКАЊЕТО ВО ОРЛАНДО, СЕНАТОТ НА САД ОТФРЛИ МЕРКИ ПРОТИВ ПРОДАЖБА НА ОРУЖЈЕ

Сподели:

https-2F2Fblueprint-api-production.s3.amazonaws.com2Fuploads2Fcard2Fimage2F1221742Fa2093a5e8ea74898ad1ead475f5fc949-702x336

Една недела по пукањето во Орландо, во кое загинаа 50 лица, а беа повредени уште десетици други, американскиот Сенат ги отфрли четирите амандмани со кои се забранува оружје на луѓе кои се на листата осомничени за тероризам, што доведе до огромно незадоволство кај луѓето.

Поднесители на четирите амандмани се сенаторите Даен Фајнстајн од Калифорнија, Џон Корнин од Тексас, Крис Марфиод Конектикат и Чарлс Грасли, сенатор на Ајова.

Предлогот на Фајнстајн беше дa се забрани поглемиот дел од продажбата на лица кои се осомничени за тероризам. Контра-предлогот на Корнин, пак, беше да се блокира продажбата на оружје на луѓе кои се на листата на лица осомничени за тероризам, но само ако обвинителите можат да го убедат судијата во рок од три дена дека купувачот бил вмешан во тероризам. Неговиот предлог го поддржа Националната асоцијација за оружје.

Сенаторот Марфи од Конектикат предложи да се зголемат проверките, дури и за приватното снабдување на оружје, додека Грасли предложи да се испраќа поголема евиденција за забранетите купувачи до ФБИ и да се забрани продажба за лица со ментална попреченост.

Сепак, ниту еден од сенаторите не доби над 60 гласови, колку што се потребни за да се усвои одреден амандман.

На социјалните мрежи, експресно почна да се користи хаштагот #DisarmHate (#РазоружиЈаОмразата), преку кој луѓето го критикуваат неуспехот да се усвои еден од предлозите.

RADIOMOF.MK

Сподели: